9.2 C
Скопје

Откриени и мапирани нови археолошки локалитети и поединечни наоди на источниот брег од Охридското Езеро

Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид” минатиот месец спроведе проект за подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро, насочен кон истражување локации од езерото за кои постоеја индиции за археолошки локалитети.

Истовремено преку проектот биле истражувани и поединечни наоди, дефинирани границите на потенцијалните архолошки локалитети, нивно позиционирање со помош на Џи-Пи-Ес уреди, но и откривање нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство во РС Македонија.

Покрај рекогносцираните делови кај селата Пештани и Трпејца, посебно внимание е посветено на две локации во околината на локалитетот „Плоча Миќов град”, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар „Амфора” од Охрид.

Прочитајте и...  Најпосакуваната професија на пазарот: Колку заработуваат ИТ експертите?

Раководител на проектот, археологот и виш кустос Бојан Танески појаснува дека во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба – питоси, лоцирани на длабочина од 45, 35 и пет метри под површината на водата, а во вториот случај тоа е наод на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 метри. Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаи, оддалеченоста на предметите на 70 до 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места.

Прочитајте и...  „Би можеле да дојдеме таму среде ноќ, одеднаш“: Ердоган најави анти-терористичка акција во северен Ирак

-Она рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес – вели Танески.

Според „Завод и музеј – Охрид”, проектот има и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат заштитени од нелегални посети и активности.

Поврзани вести

Пронајден мртов маж во Пчиња

Слободен печат

Албанија: Во последните три години над 60 странски државјани, меѓу нив и дипломати, прогласени за „персони нон грата”

Слободен печат

Над илјада лица уапсени на протестите во Москва

Слободен печат

Германија ќе го укине „мигрантско потекло“?

Петер Хиле/Дојче Веле

Русија обвини американски дипломати за објавување маршрути на денешните протести

Слободен печат

Нови одрони заглавија возило на регионалниот пат М.Каменица – Кочани

Слободен печат

Остави Коментар