Откриена тајната на успехот на Црвена звезда: Тие беа пред своето време, беа како сегашниот Ливерпул

фото: crvenazvezdafk.com

Специјализраниот сајт за фудбал „goal.com“, направи анализа на тимот кој во 1991 година триумфира во Купот на европските шампиони.

Неодамна, поточно во петокот беше одбележана годишнината од елиминацијата на Баерн Минхен во полуфиналето на КЕШ, а „goal.com“ направи детална анализа на тимот на Црвена звезда.

Според сајтот, „црвено-белите“ уште во 1987 година направиле петгодишен план со цел да се освои титулата во КЕШ, натпреварување во кое дотогаш само Стеауа успеаја да триумфира.

„Со тактички напреден тренер, стилот на игра на Црвена звезда беше пред своето времем со агресивен пресинг и контранапад. Пресингот на средината на теренот е сличен со денешниот гегенпресинг кој го форсира Јирген Клоп. Тренерот Петровиќ имаше среќа во тимот да има неверојатно талентирани играчи. На пример, Дарко Панчев таа сезона постигна 40 гола во сите натпреварувања, беше втор во трката за Златната топка“.

Најтешкиот момент во патот до финалето и титулата во Бари за Црвена звезда беше токму реванш натпреварот од полуфиналето против Баерн Минхен.

„Црвено-белите“ во првиот натпревар победија со 1:2 сред Минхен, но во реваншот губеа со идентични 1:2 кога во последните секунди од натпреварот Клаус Аугенталер си постигна автогол. Во финалето кое се играше во Бари, Црвена звезда по подобро изведување на пенали го совлада Олимпик Марсеј и дојде до титулата.

– Мислам дека тоа беше најдосадното финале во историјата на европските купови, но ние бевме тим полн со млади фудбалери од 21,22 и 23 години. Олимпик беше подобар од нас бидејќи имаше фудбалери кои имаа играно во финални натпревари. Неколку часа пред натпреварот на седум играчи им беа покажани снимки од нивните натпревари.
Се сеќавам дека тогаш Љупко ни кажа: Доколку ги нападнеме ќе им оставиме премногу простор за контранапади.
Кога прашав што да правиме, тој ми одговори: Дајте им ја топката.
И така ние поминавме 120 минути на теренот без да ја пипнеме топката
– зборува Синиша Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот