Откриена причината за смртта на Шинејд О’Конор

Шинејд О'Конор
Шинејд О'Конор / Фото: DPA / AFP / Profimedia

Ирската музичарка Шинејд О’Конор починала од природна смрт, објави судскиот вештак, пишува „Дејли мејл“.

Детективите ја сметале нејзината ненадејна смрт за сомнителна, поради што била извршена обдукција.

Шинејд беше пронајдена во нејзиниот стан во Херне Хил, југоисточен Лондон на крајот на јули минатата година.

„Полицијата беше повикана во 11.18 часот во средата на 26 јули, поради дојава за жена која не дава знаци на живот на станбена адреса во областа СЕ24. Полицајците пристигнале. 56-годишната жена беше прогласена за мртва на местото на настанот“, соопшти полицијата тогаш.

О’Конор почина  18 месеци откако нејзиниот син  Шејн (17) си го одзеде животот во јануари 2022 година, откако избега од болница.

Шинејд стана светски позната во 1990 година со својата легендарна преработка на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“. Заедно со оваа песна, таа создаде други хитови, а во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.

Пејачката Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот