„Визијата на Захарија во храмот“ / Фото: Koen van Weel / AFP / Profimedia

Откриена е слика на Рембрант која била изгубена со децении

Одамна изгубена слика од Рембрант е повторно откриена и нејзината автентичност е потврдена од експерти, откако нејзината местоположба беше непозната со децении, објави Би-би-си.

„Визијата на Захарија во храмот“ (The Vision of Zacharias in the Temple) на Рембрант, од 1633 година, била исклучена од списокот на делата на уметникот во 1960 година, а исчезнала откако била продадена на приватен колекционер следната година.

Но, таа повторно се појави кога нејзините сопственици ја однеле на тестирање во Државниот музеј на Холандија во Амстердам, каде што се спровеле двегодишни испитувања.

„Кога ја видов во нашето студио откако беше реставрирана, веднаш бев воодушевен од неверојатната моќ што ја има“, рекол директорот на Државниот музеј, Тако Дибитс.

Според Дибитис, Државниот музеј на Холанија секојдневно добивал многу е-пошта од луѓе кои бараат информации за слики што ги наследиле или купиле. Во овој случај, музејот не знаел дека може да биде нешто посебно.

„Ни стигна преку е-пошта и еден од нашите куратори помисли, ова е навистина интересна слика, знаеме за сликата повеќе од 100 години, но никогаш не сме ја виделе“, додал Дибитс.

Музејот ја потврди автентичноста откако ги проучиле боите, кои се совпаѓаат со оние што ги користел Рембрант во тој период, како и техниката на сликање и градењето слоеви, кои се совпаѓаат и со неговите други рани дела.

Според истражувачите, потписот е оригинален, а дрвениот панел датира од точниот период.

„Анализата на материјалите, стилските и тематските сличности, измените направени од Рембрант и целокупниот квалитет на сликата, сето ова го поткрепува заклучокот дека оваа слика е вистинско дело“, велат од галеријата.

Рембрант имал 27 години кога ја создал оваа слика, која ја прикажува библиската сцена кога архангелот Гавриел му кажува на свештеникот Захарија дека и покрај нивната возраст, тој и неговата сопруга ќе имаат син, Јован Крстител.

Музејот соопшти дека Рембрант ѝ дал на библиската приказна иновативен пресврт. Наместо видливо да го прикаже Архангелот Гаврил, тој само го навестувал своето присуство.

Оваа слика е една од ретките историски слики што Рембрант ги создал во овој период. Во тоа време, тој првенствено создавал портрети, кои биле многу профитабилни.

Сликата е ставена на јавна изложба од вчера.

Вредноста на сликата сè уште не е позната, но светската рекордна цена на аукција за слика од Рембрант е 20 милиони фунти, рекорд поставен во 2009 година.

Други слики од Рембрант што биле продадени во последниве години вклучуваат една за 8,6 милиони фунти во 2019 година, автопортрет за 12,6 милиони фунти во 2020 година и уште едно некогаш изгубено дело на Рембрант за 11 милиони фунти во 2023 година.

Ремек-дело со векови ги фасцинира истражувачите: Откриено е како Рембрант ја добил неверојатната златна нијанса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот