Фото: Принтскрин / Икс

Откриен фосил на нов диносаурус со големина на кокошка, научниците останаа збунети

Нов род и вид на минијатурен двоножен диносаурус е идентификуван меѓу фосилите пронајдени во покраината Бургос во Шпанија. „Фоскеа пелендонум“ (foskeia pelendonum) талкал по нашата планета за време на раната креда, пред околу 120 милиони години, пренесуваат „Сај њуз“.

Новиот вид бил член на „рабдодонтоморфа“, група орнитишки диносауруси кои живееле главно за време на раната до доцната креда. Древното животно било минијатурно, приближно споредливо по големина со модерна кокошка, што го разликувало од многу од неговите поголеми орнитишки роднини.

– Од самиот почеток знаевме дека овие коски се исклучителни поради нивната минијатурна големина. Подеднакво е импресивно како проучувањето на ова животно ги поништува глобалните идеи за еволуцијата на орнитоподните диносауруси – рекол д-р Фидел Торсида Фернандез-Балдор, палеонтолог во Музејот на диносауруси во Салас де лос Инфантес.

– „Фоскеа пелендонум“ помага да се пополни празнина од 70 милиони години, мал клуч што отклучува огромно исчезнато поглавје – речкол д-р Тиери Тортоса, палеонтолог во природниот резерват Сент Виктоар.

Фосилизираните остатоци од најмалку пет единки од новиот вид диносаурус беа собрани од локалитетот Вегагете во покраината Бургос, Шпанија.

– Локацијата се состои од црвеноглинени поплавни наслаги од формацијата Кастриљо де ла Реина и се наоѓа помеѓу општините Вилануева де Каразо и Салас де лос Инфантес – откриле палеонтолозите.

Хистолошката анализа потврди дека најголемиот примерок бил сексуално зрел возрасен.

– Микроструктурата на коските ни кажува дека барем еден единка била возрасна со метаболички режим кој се приближува до оној на малите цицачи или птици – рекол д-р Коен Штајн, истражувач на Слободниот универзитет во Брисел.

Според филогенетската анализа, „фоскеа пелендонум“ е сестрински вид на австралискиот диносаурус „мутабурасаурус“ во рамките на „рабдодонтоморфа“.

И покрај својата мала големина, новиот вид диносаурус покажува специјализирана забна структура и докази за менување на држењето на телото за време на растот, потпирајќи се на напливи на брзина во густи шуми.

Откритието за „фоскеа пелендонум“ е опишано во труд објавен во списанието „Пејпрс ин палеонтолоџи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот