Откако се закани со војна, Дардишта не е достапна за коментар

шкодране дардишта
Фото: Фејсбук, Шкодране Дардишта / Скриншот, Фејсбук

Шкодране Дардишта, која е член на Одбор на директори на Македонски Телеком, а до формирањето на сегашната Влада била директор на заедничките служби на Клинички Центар, на својот Фејсбук профил ги искоментира актуелните случувања на политичката сцена во Македонија и отворено се закани со војна.

– Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта.

Фото: Скриншот, Фејсбук

„Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со неа со цел да добие коментар за објавата, но таа не одговара на нашите повици. Од ДУИ рекоа дека ќе се изјаснат по состанокот на партискиот совет.

Од Министерството за здравство ги демантираат објавите во медиумите дека таа е актуелна директорка во УК Центар „Мајка Тереза“.

– Министерството за здравство информира дека Шкодране Дардишта не извршува никаква функција во Министерството за здравство или во која било клиника во УК Центар ,,Мајка Тереза”. До 2020 година Шкодране Дардишта беше на раководна позиција во заеднички служби на Клинички. Позиција директор на Клинички центар воопшто не постои во систематизација, стои во нивното соопштение.

Стојанче Ангелов од Достоинство, со објава на социјалните мрежи ѝ одговори на Дардишта од ДУИ и ѝ порача да го намали „патриотското“ доживување, бидејќи обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не им се допаѓа, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија.

Ангелов до Дардишта: Намалете го патриотското доживување, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот