Откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување Пласидо Доминго по 51 година ја напушти Метрополитен

Фото: Миа

Откако повеќе жени го обвинија шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго за сексуална злоупотреба и вознемирување, тој по 51 година ја прекина сорапотката со операта Метрополитен во Њујрок.

Операта Метрополитен во Њујорк по 51 година ја раскина соработката со прославениот тенор Пласидо Доминго, откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.

Седумдесет и осумгодишниот Доминго денеска требаше да ја пее главната улога во „Макбет“ на Џузепе Верди, но објави дека ја завршил соработката со оперската куќа. И неколку други компании претходно откажаа негови концерти од иста причина.

Дваесет жени го обвинија Доминго за вознемирување, недолично сексуално однесување и дека во некои случаи ја користел својата позиција за да им наштети на кариерата.

„Пласидо Доминго се согласи да се повлече од сите идни настапи во Мет, што веднаш стапува на сила. Мет нема да дава други коментари на оваа тема“, се вели во соопштението на Метрополитен.

Доминго самиот кажа дека пробата за „Макбет“ бил негов последен настап во Метрополитен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот