Откако и двајцата им раскинаа на партнерите, Лејди Гага и Бредли Купер сега очекуваат бебе?! (ФОТО)

Странските медиуми со месеци наназад зборуваат за тоа дека 33 годишната пејачка Лејди Гага и 44 годишниот Бредли Купер се во врска, а во прилог на ова тврдење секако говори и фактот дека и двајцата неодамна им раскинаа на своите партнери.

Но, зборувањата сега отидоа и чекор понатаму со оглед на фактот дека, како што пренесува „Cheatsheet.com“, пејачката е во блажена состојба.

Гласините за бременоста ги покрена насловната страна на таблоидот „In Touch“ на која тие двајца стојат гушнати, а незабележана не можеше да помине положбата на нивните раце. Имено, Бредли ја држи раката на нејзиниот стомак, а таа својата рака ја ставила преку неговата.

Да се потсетиме, тие двајца се зближија по снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ во кој и двајцата имаа главна улога.

Неколку месеци потоа пејачката ја прекина веридбата со Кристијан Карин, а Бредли со руската манекенка Ирина Шајк со која има едно дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот