Освоила МИЛИОН на лото, но сепак продолжила да ги продава своите топлес фотографии за 50 фунти (ФОТО)

Џејн Парк од Шкотска на само 17 години освои милион фунти од Евролотаријата, но сепак продолжи да ги продава своите разголени фотографии за по 50 фунти.

Сега 23-годишната Џејн вели дека ги продава своите топлес фотографии онлајн за да собере пари за хуманитарни акции и дека нема проблем со тоа како заработува.

Таа преку социјалните мрежи ги продава топлес фотографиите по 50 фунти, а парите ги донира.

-Се чувствувам посилна. Преку интернет на мажите кои сакаат да ги видат моите гради за 50 и повеќе фунти им ги продавам фотографиите, а парите ги давам за хумани цели. Се чувствувам како Робин Худ. Им земам пари на богатите мажи, кои сакаат да бидат перверзни и им ги давам на сиромашните , вели Џејн.

По добивањето на милионот на европскиот Еуромилион, таа немала пари за да купи пијалок и да наздрави. Работела како помошничка во канцеларија на замена, а со мајка и живееле во предградието на Единбург.

За да се почести, откако го добила милионот, си купила Луј Витон торбичка што чини 4 500 фунти, а кога наполнила 18 година си вградила импланти во градите. Си купила и џип Реинџ Ровер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот