Фото: Инстаграм

Осум години учела да стане чесна сестра, а денеска глуми во порно-филмови! (ФОТО)

Младата Колумбијка Џуди Пинеда ја променила кариерата, па така од чесна сестра станала порно-актерка и сега тоа е тема на која зборува цела Колумбија.

И светот се чуди на нејзината промена во кариерата, а помеѓу овие две професии, таа била и пејачка.

– Не посетија чесните сестри и тогаш одлучив дека сакам да бидам како нив – изјавила во една прилика Пинеда, кога тогаш наполнила 10 години.

Таа се запишала во училиште за чесни сестри, таму поминала осум години, но тука не завршило се. Таа се заљубила во фаталниот учител и го напуштила училиштето – пренесува „The Sun“.

Во тој период, Колумбијката се запознала со „ловец на таленти“, односно макро кој ја турнал во светот на порнографијата и бил нејзина помош за да стане ѕвезда на „лајв“ порно филмовите.


Започнала прво со соблекување пред камера, а со доплата на клиентите кои ја следеле, можеле да завршат со неа во „приватна соба“ – се онлајн.

После ова таа добила понуда да сними порно-филм и без двоумење ја прифатила понудата. Сега таа во филмовите глуми дека е чесна сестра.

– Се чуствував лошо на почетокот поради тоа со што се занимавам, но набрзо се помирив со тоа. Добро се чуствувам кога одам во црква, никогаш не ги испуштам мисите во петок, сабота и недела – изјавила порно актерката/

На Инстаграм моментално ја следат преку 30.000 следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот