Мартин Шорт, Катерин Шорт / Фото: Dave Safley / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Осум дена по трагедијата, откриена е причината за смртта на Кетрин, ќерката на актерот Мартин Шорт

Причината за смртта на Кетрин Хартли Шорт, ќерката на познатиот актер и комичар Мартин Шорт, е официјално потврдена. Според документот издаден од Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес, до кој дошол „ТМЗ“, 42-годишната Кетрин починала од прострелна рана во главата која сама си ја нанела.

Во документот е наведено и дека нејзините посмртни останки се кремирани, пренесува „Дејли Мејл“.

Кетрин била пронајдена мртва во својот дом во Холивуд Хилс минатиот понеделник, откако полицијата реагирала на повик. Полицијата на Лос Анџелес потврди дека била најдена зад заклучена врата, а на местото биле пронајдени огнено оружје и проштално писмо. Засега содржината на писмото не е објавена.

Кетрин Хартли Шорт, Мартин Шорт – Фото: Dave Safley / Zuma Press / Profimedia

Претходно, извори од полицијата изјавиле за „ТМЗ“ дека Кетрин не била достапна околу 24 часа, по што загрижен пријател ја контактирал полицијата. Полицајците насилно ја отвориле вратата пред да го откријат нејзиното тело. Детективите утврдиле дека нема знаци на насилство од трето лице.

Блиски пријатели изјавиле дека во деновите пред смртта Кетрин се однесувала вообичаено и не покажувала знаци дека би можела да си наштети.

Трагедијата силно го погодила нејзиниот татко, Шорт е „неутешен“ по ненадејната смрт на ќерката и се повлекол од јавноста. 75-годишниот комичар ги откажал неколкуте закажани настапи со долгогодишниот соработник Стив Мартин, а не присуствувал ниту на доделувањето на наградите каде бил номиниран за најдобар машки актер во комична серија.

Кетрин била најстарото дете на Шорт и неговата покојна сопруга, актерката Ненси. Двојката ја посвоила Кетрин, како и нејзините браќа Оливер (39) и Хенри (36). Долман починала во 2010 година на 58-годишна возраст по борба со рак на јајници.

Кетрин дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија и имала магистерска диплома. Работела како лиценциран клинички социјален работник и била активно вклучена во добротворни организации за ментално здравје. Пријатели за „Дејли Мејл“ изјавиле дека приватно се соочувала со лични предизвици, но била позната по својата сочувствителност и посветеност да им помага на другите.

Последен пат јавно се појавила со татка си во 2023 година, кога го прославиле нејзиниот 40-ти роденден во ресторанот „Грандмастер Рекордерс“ во Холивуд.

По објавувањето на веста, повеќе блиски пријатели го посетиле Шорт во неговиот дом во Лос Анџелес за да му дадат поддршка. Меѓу нив биле Стивен Спилберг и долгогодишниот телевизиски музички директор Пол Шафер. Според извори, покрај него биле и колегите од серијата „Only Murders in the Building“, меѓу кои Мерил Стрип и Стив Мартин.

Во официјално соопштение до „Дејли мејл“, семејството Шорт ја потврди трагичната вест.

„Со длабока тага ја потврдуваме смртта на Кетрин Хартли Шорт. Семејството Шорт е скршено од оваа загуба и моли за приватност во овој тежок период.Кетрин беше сакана од сите и ќе остане запаметена по светлината и радоста што ги носеше во светот“, се наведува во изјавата.

 

 

Ќерката на актерот Мартин Шорт е пронајдена мртва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот