Ќерката на актерот Мартин Шорт е пронајдена мртва
Актерот Мартин Шорт доживеа незамислива трагедија. Неговата ќерка Катерин Хартли Шорт почина на 42-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Претставникот на актерот ја потврди тажната вест во соопштение за медиумите, нагласувајќи дека семејството е во шок и бара приватност во овој исклучително тежок период.
– Со огромна тага ја потврдуваме смртта на Катерин Хартли Шорт. Семејството Шорт е скршено од оваа загуба и бара приватност во овој момент. Кетрин беше сакана од сите и ќе биде запаметена по светлината и радоста што ги донесе на овој свет – се вели во соопштението.
Катерин беше пронајдена мртва во својот дом во населбата Холивуд Хилс во Лос Анџелес откако полицијата и службите за итни случаи беа повикани поради пријава за можно самоубиство.
Според полициски извори, 42-годишната Катерин починала од прострелна рана, а сите околности укажуваат дека станува збор за самонанесена рана. Полицијата и противпожарните службеници од Лос Анџелес пристигнале на местото на настанот кратко по 18 часот по локално време, но Кетрин била беспомошна.
Познатиот комичар има долга историја на голем професионален успех, но и длабока лична загуба. Катерин беше најстарата од трите деца што ги посвои Мартин со неговата покојна сопруга, актерката Ненси Долман, со која се ожени во 1980 година. За време на нивниот брак, двојката ги посвои ќерката, Катерин, родена во 1983 година, и синовите Оливер и Хенри, родени во средината на 1980-тите. Нивниот брак, кој Шорт го опиша во претходните интервјуа како „триумф“, траеше повеќе од три децении, сè до смртта на Ненси од рак на јајниците во 2010 година.
Иако порасна како ќерка на еден од најпознатите комичари во Холивуд, Катерин го помина поголемиот дел од својот живот подалеку од рефлекторите, градејќи кариера во областа на менталното здравје. По дипломирањето на престижниот Универзитет во Њујорк, каде што добила диплома по психологија и студии за род и сексуалност, таа го продолжила своето образование на Универзитетот во Јужна Калифорнија, каде што добила магистерска диплома по социјална работа во 2010 година. Подоцна ги положила стручните испити и станала лиценциран клинички социјален работник, посветувајќи се на советување и терапевтска работа со пациенти.
Пред да ја отвори своја приватна пракса, Катерин работела во неколку институции за ментално здравје, вклучувајќи реномирани клиники и болници во Лос Анџелес. Извесен период била вработена во универзитетската невропсихијатриска болница, а стекнала и искуство во центри специјализирани за зависност, анксиозност и депресивни нарушувања. Покрај работата во сопствената пракса, дел од времето го посветила и на работа во клиника каде, според извештаите, обезбедувала психотерапија, поддршка и учествувала во програми ориентирани кон заедницата.
Катерин работела и со непрофитни организации посветени на дестигматизација на менталните болести и поддршка на млади луѓе кои се борат со сопственото ментално здравје. Според некои извештаи, таа била вклучена во иницијативи кои поттикнувале отворени разговори за менталното здравје во училиштата и меѓу помладите генерации, со акцент на рушење на предрасудите и поттикнување на емпатијата. Оние што ја познавале ја опишуваат како посветен, топол и исклучително емпатичен професионалец кој неуморно им помагал на другите – сè додека самата не се нашла во бездна од која, за жал, не можела да излезе.
Иако избегнувала постојано медиумско внимание, понекогаш го придружувала својот татко на црвени теписи и официјални настани, каде што секогаш изгледала резервирано, но достоинствено. Обожавателите ја гледаа на повремени премиери и гала-забави, особено во годините по смртта на нејзината мајка, кога семејството Шорт се обидуваше да одржи силни меѓусебни врски и покрај трагичните загуби.


