Осудените до 3 години се слободни граѓани до 1 септември: Никој не знае колку ги има на број

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

Меѓу тие кои добија времена слобода се и штипјаните С.А. и П.Р. кои се осудени на 2,5 години затвор за сторено насилство врз 22-годишна девојка од Штип.

Ниту една државна институција во земјава не знае со сигурност колку осуденици од земјава до 1 септември времено се спасиле од одлежување на казната затвор по владината уредба со која на осуденици до три години им се пролонгира одржувањето на казните поради корона кризата.

Меѓу тие кои добија времена слобода се и штипјаните С.А. и П.Р. кои се осудени на 2,5 години затвор за сторено насилство врз 22-годишна девојка од Штип.

Насилниците од Штип ја признаа вината за навредите и тепањето на 21 годишната девојка

Двете осудени момчиња во кумановскиот затвор беа во притвор до издржување на казната, а пресудата за две ипол години затвор им е потврдена и од штипска Апелација, но после владината уредба таа се пролонгира.

„Не постоеше законски основ да останат во притвор. Изминаа законските 60 дена за притвор, а судија за извршување санкции не даде  упатен акт каде ќе треба да ја служат казната. Со пандемијата се отвори правна дупка и тие ја искористија приликата“ велат од кумановскиот затвор.

Двајцата осуденици од Штип се на возраст од 23 и 26 години. Тие на јавноста и станаа познати откако во јануари годинава, во влез од зграда во нивниот роден град тепаа 21- годишна девојка, а насилството го снимале на мобилен телефон. Откако снимката беше објавена на социјалните мрежи, истата предизвика гнев кај јавноста, а институциите за брзо време ги открија и казнија насилниците.

Двајцата осудени насилници и девојката, жртвата на нивното насилство, не само што живеат во ист град, туку се непосредни соседи во штипската населба Баби. Сега кога се дозна дека тие се на времена слобода, повторно на социјалните мрежи се пишува дека девојката која по немилиот настан остана сама (почина татко и), може да е повторно цел на веќе осудените насилници.

За ваквиот и слични случаи засега само едно е јасно, а тое е дека според уредбата, велат правниците, судовите се тие кои до 1 септември не треба да даваат наредба за отслужување на затворската казна до три години.

– Судот не треба да дава упатни акти за лица под три години. Има случаи на пример пред да дојде оваа Уредба се барале лица со потерница за издржување на казна затвор до година или две. Тие лица се примаат на издржување бидејќи наредбата била издадена од судот пред да стапи на сила уредбата – вели универзитетскиот професот Милан Николовски.

Владата на почетокот на април годинава донесе Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба, согласно која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години и тоа до 1 септември 2020 година, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната.

„До 1 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. Додека, лицата кои се наоѓаат на издржување на мерка притвор по правосилноста на пресудата веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор. Предлог Уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста КОВИД-19 (корона вирус) во казнено-поправните установи“ се вели во владината одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот