Остров продаден за 6 милиони долари: Купецот го видел само на снимки

Приватен остров во Ирска со три плажи и седум куќи е продаден за над 6,3 милиони долари, а анонимниот купец воопшто не го посетил, пишува „Си Ен Ен“.

Хорс ајленд е остров со површина од 15 хектари и се наоѓа северозападно од копнениот дел на Ирска. Зделката била направена преку преговори кои се одвувале на видеоврска.

Островот е со недопрен природен пејзаж, има приватно пристаниште, патишта, хелиодром, терен за тенис, теретана, еден главен објект со површина од 4.500 метри квадратни и неколку викендици кои гледаат на Атлантскиот океан.

Агентите за недвижности тврдат дека за време на пандемијата од корона вирусот се принудени виртуелно да им понудат разгледување на имотот кој се продава. Тие истакнуваат дека продажбата на Хорс Ајленд укажува на се позастапениот тренд меѓу исклучително богатите лица да се свртат кон купување на приватни острови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот