Оставки во Пентагон: Се повлече шефот за одбранбена политика Џејмс Андерсон, го менува генерал Тата

Пентагон / Фото: МИА

Вршителот на должноста шеф на оделот за одбранбена политика на Пентагон, Џејмс Андерсон синоќа поднесе оставка и веќе е заменет со контроверзниот пензиониран генерал Ентони Тата, познат по своите исламофобични коментари и по тоа што поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го нарече „терористички лидер”, наведуваат американските медиуми.

Андерсон поднесе оставка само ден, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп го разреши министерот за одбрана Марк Еспер, соопштија двајца неименувани американски одбранбени претставници.

Не е јасно дали од Андерсон било побарано да поднесе оставка, пренесува „Си-Ен-Ен“, истакнувајќи дека тој беше вршител на должноста потсекретар за одбранбена политика откако Трамп во февруари годинава го отпушти Џон Род.

Американските медиуми наведуваат дека Тата во 2018 година објавил на Твитер дека исламот е „најрепресивната насилна религија” што ја познава и притоа поранешниот американски претседател Барак Обама го нарече „терористички лидер” и муслиман.

Американските медиуми, исто така, го опишуваат Тата како лојална личност на Трамп и како поранешен коментатор на „Фокс Њуз“.

Трамп завчера соопшти дека го смени министерот за одбрана, Марк Еспер и најави дека неговото место ќе го заземе директорот на Националниот центар за борба против тероризмот, Кристофер Милер.

Трамп на Твитер објави дека Милер ќе биде вршител на должноста министер за одбрана и дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот