unsplash

Останаа уште 15.000 нераспределени студентски ваучери за електронски уреди

Преку Министерството за дигитална трансформација досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен и очекува до крајот на јавниот повик, најголемиот дел од студентите да ги земат ваучерите, а до крајот на рокот за проектот, 1 јануари, да набават уреди.

– Во последните пет шест дена веќе имаме намалување на бројот на издадени ваучери што покажува дека најголемиот дел од заинтересираните студенти на кои им беше приоритет да извадат ваучер веќе го имаат направено тоа. Остануваат уште 15.000 нераспределени и очекувам до крајот на јавниот повик најголемиот дел од студентите да го извадат ваучерот. Она што ме радува е што 21 000 студенти веќе си подигнале електронски уреди со тие ваучери, што значи дека нешто повеќе од половина се искористени. Очекувам до 1 јануари сите кои биле заинтересирани и подигнале ваучер да го реализираат. Има метеж во продавниците, има голема побарувачка, тоа беше и целта на проектот и мислам дека е сосема успешен, изјави Андоновски, по промоцијата на ви фи зона со бесплатен интернет на Филозофскиот факултет – Скопје.

Аплицирањето за набавка на електронски уреди почна на 17 ноември. Со ваучерот од 250 евра, студентите што ќе се пријават на повикот може да купат електронски уреди – лаптоп, таблет или персонален компјутер.

Како што е наведено во повикот, може да аплицираат студентите до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети. Аплицирањето е на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот