Осомничен за убиството на претседателот на Хаити уапсен во Турција

Погребот на Моиз
Погребот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз/ Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

Турските власти уапсија човек кој се смета за осомничен за јулскиот атентат на претседателот на Хаити, Џионел Моиз, изјави доцна синоќа министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Џозеф, пренесува НДТВ.

Моиз, 53-годишниот претседател на Хаити, кој ја презеде функцијата во 2017 година, беше убиен во јули со огнено оружје во неговата приватна резиденција, а неговата сопруга беше ранета во тој напад.

Група колумбиски платеници се сметаат за главни осомничени, иако никој не е обвинет или осуден во врска со овој атентат.

Убиениот претседател на Хаити, Жовенел Моиз/ Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

„Само што разговарав по телефон со турскиот министер, мојот пријател Мевлут Чавушоглу, и се заблагодарив на Турција за апсењето на Самир Хандал, еден од групата важни осомничени во истрагата за атентатот на претседателот Моиз“, министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Џозеф. изјави на Твитер.

Турските медиуми денеска јавија дека Хандал, по кого е распишана црвена потерница од Интерпол, е уапсен при транзитот на аеродромот во Истанбул на пат од САД кон Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот