26 поранешни колумбијски војници учествувале во атентатот на претседателот на Хаити

Уапсени атентатори на претседателот на Хаити/Фото: EPA-EFE/Jean Marc Herve Abelard

Во убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, кое го изврши единица на командоси учествувале 26 Колумбијци и двајца Американци, потврдија денес колумбиските власти. Тие сѐ уште се во потрага по организаторите на убиството и нивниот мотив за злосторството.

Колумбискиот Министер за одбрана, Диего Молано соопшти дека Колумбијците кои учествувале во атентатот се пензионирани припадници на вооружените сили на неговата земја.

Полицијата во средата уапси повеќе осомничени атентатори во една куќа во близина на местото на убиството. Шефот на полицијата, Леон Чарлс вчера потврди дека околу 17 лица се уапсени, пренесува Ројтерс.

„Странците дојдоа во нашата држава за да го убијат нашиот претседател“ изјави Чарлс и соопшти дека меѓу злосторниците се Колумбијци и Американци.

Педесет и тригодишниот претседател на Хаити, Моиз, беше убиен во напад врз неговиот дом од страна на група вооружени лица, а неговата сопруга Мартина Моиз беше тешко повредена.

Премиерот Клод Жозеф прогласи вонредна состојба во земјата по убиството на Моиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот