Премиерот на Хаити упати апел до граѓаните да ги предадат на полицијата осомничените за атентатот на претседателот

Премиерот на Хаити / Фото: EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Премиерот на Хаити, Клод Жозеф, денеска апелираше до граѓаните да ги предадат на полицијата осомничените убијци на претседателот Жовенел Моиз и да не ги линчуваат.

Претходно денес стотици жители на Хаити пред полициската станица во Порт-о-Пренс, каде што се наоѓаат осомничените за убиството, извикуваа „изгори ги”.

Тие запалија возило за кое претпоставиле дека е возило на атентаторите. Претседателот на хаити Моиз (53) беше убиен од непознати напаѓачи во неговата приватна резиденција, а неговата сопруга Мартин Мари Етјен Жозеф, која исто така беше ранета во нападот, се наоѓа во критична состојба и е пренесена во болница во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот