Опсадна состојба на Хаити по бруталното убиство на претседателот, војската и полицијата излегоа на улиците

EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Вршителот на должноста премиер на Хаити, Клод Жозеф, денеска прогласи опасадна состојба  во земјата, по убиството на претседателот Жовенел Моиз.

Жозеф рече дека не сака нацијата да „западне во хаос“ по убиството на претседателот, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека одлуката за прогласување опсадна состојба е донесена на вонреден состанок на Советот на министри.

Според законот на Хаити, постојат три нивоа на вонредна состојба – вонредната состојба е најниско, по што следува опсадна состојба, а највисоко ниво е „воена состојба“.

Опсадната ситуација значи дека сите граници се затворени, како и дека привремено се воведува воена состојба, а хаитската армија и националната полиција на Хаити имаат овластување да го спроведуваат законот.

Жозеф ги повика граѓаните да бидат спокојни и вети дека ќе ги изведат пред лицето на правдата  оние кои се вклучени во атентатот врз претседателот.

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен од неидентификувани напаѓачи во неговата резиденција во текот на ноќта со нехуман и варварски чин, а сопругата на претседателот беше тешко повредена, рече Џозеф денес, но и таа подоцна им подлегна на здобиените повреди.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ледријан го осуди кукавичкиот атентат врз претседателот на Хаити Жовенел Моаз во неговата резиденција и ги повика граѓаните на Хаити да останат присебни.

– Ова злосторство, кое се случи во време кога и политичката и безбедносната состојба се влошуваат, мора да бидат разјаснети во целост. Ги повикувам сите учесници во политичкиот живот на Хаити да останат смирени и да се воздржат – рече Ледријан, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот