Основните училишта во Општина Аеродром добија прочистувачи за воздух

Фото: МИА

Прочистувачи на воздух добија речиси сите основни училишта во Општина Аеродром, информираат од Општината.

Како што информира денеска Општина Аеродром, се работи за набавка на апарати за прочистување на воздухот, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето.

За Аеродром се донирани 38 прочистувачи на воздух за училниците во кои престојуваат деца со целодневна настава.

Како дел од мерките, во вторникот во градинката „Буба Мара – Пчелка 2″ досегашниот нееколошки систем на греење на нафта беше заменет со високоефикасни инвертер-клими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот