Османи: „Рекет“ е лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ

Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за Законот за Јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии. Мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Османи, неодамна изјавивте дека случајот „Рекет“ го става на тест институционалниот капацитет на земјава. Го става ли случајот на тест и датумот за преговори со ЕУ во октомври?

– Мислам дека е баш лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за да се испита, на некој начин, дали институциите созреаја со реформите што ги правевме во целиот овој период. Така што, мојот став е дека оваа кризна ситуација може да ја претвориме во можност, доколку институциите одговорат сериозно и на ефикасен, транспарентен и непристрасен начин го расветлат целиот случај до крај, независно какви политички импликации може да има. Значи, ќе го повторам ставот дека криминалци и криминал има секаде. Разликата меѓу државите е во тоа дали имате институции коишто знаат да се справат на непристрасен случај.

Прочитајте и...  Во Романија локални избори

Услов е и Законот за Јавно обвинителство, кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Дали планот Б ќе биде лош преседан и има опасност од правна несигурност, како што тврди опозицијата?

– Јас мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, само е потребна сериозна политичка волја и седнување на маса со цел да се надминат тие разлики. Сè што е во рамки на црвените линии коишто и ЕУ ги поставува, меѓутоа и ние како влада, а тоа е дека треба да има институција која се справува со криминал на високо ниво и дека сите случаи, дали од прислушувањата, дали надвор од прислушувањата, за коишто има индиции, треба да се расветлат во една судска процедура. Сè во рамки на овие граници мислам дека има простор за компромис и јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за Законот за Јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии.

Прочитајте и...  Што може да научи Европа од шведската стратегија против коронавирусот?

Прочитај повеќе

Азербејџан прогласи воена состојба: Ерменија размислува да ја признае независноста на Нагорно-Карабах

Слободен печат

Белоруската полиција со солзавец и шок бомби против „непослушните демонстранти“

Слободен печат

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан: Зошто започнаа и како светот гледа на нив? (ВИДЕО)

Слободен печат

Именувањата на директорите ќе почнат најдоцна до 15 октомври

Слободен печат

Макрон: Лукашенко мора да си оди

Слободен печат

Заев: Фирмите што имаат загуба нема да треба да исплатат К-15 на вработените

Слободен печат

1 comment

ристески к 01/09/2019 - 12:28 at 12:28

ОСМАНИ РАБОТИШ ЗА КОСОВО ИЛИ АЛБАНИЈА ??
А ШТО РАБОТИШ ЗА МАКЕДОНИЈА ??? ЈА УНИШТУВАВАШ ??

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Париз ги повика Ереван и Баку на прекин на непријателствата

Слободен печат

Во Индија околу шест милиони инфицирани од коронавирус

Слободен печат

Мицкоски: Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен (ВИДЕО)

Слободен печат

Уште 148 новозаболени од коронавирус, тројца починати

Слободен печат

Заев: Порта Македонија не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај

Слободен печат

Се урна надвозник близу Москва, над 50 повредени (ВИДЕО)

Слободен печат