Османи на Министерски состанок на НАТО во Брисел

НАТО Самит во Брисел/Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатии на земјите членки на НАТО во Брисел, на која главни теми ќе бидат одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на Северноатлантскиот пакт и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон во јули годинава.

Дводневниот министерски состанок ќе започне попладнево со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии.

Средбата продолжува утре со прослава на 75-годишнината од основањето на Пактот, кој ќе започне со церемонија на полагање венци од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претседателот на Воениот комитет на Алијансата, адмиралот Роб Бауер.

Прославата ќе продолжи со обраќања на Столтенберг, Бауер и на министрите за надворешни работи на Албанија, Белгија, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска и Чешка.

По свеченоста ќе се одржи заседание на Советот НАТО-Украина, а министерскиот состанок ќе заврши со средба на шефовите на дипломатиите со претставници на државите партнери на Алијансата од Индо-пацифичкиот регион, меѓу кои и од Австралија, Јапонија, Кореја и Нов Зеланд. На средбата ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот