„Ослобоѓење“: Итен апел за заштита на новинарите и слободата на медиумите во Северна Македонија

„Ослобоѓење“ од Босна и Херцеговина се огласи со поддршка до „Слободен печат“ и со итен апел за заштита на новинарите и слободата на медиумите во Северна Македонија.

– Се обраќаме во име на „Ослобоѓење“ од Босна и Херцеговина, во знак за поддршка за „Слободен печат“ и почитуваната новинарка Мирослава Симоновска. Со жалење дознавме дека госпоѓата Симоновска била тајно снимана во тек на состанок со изворот, а лажните обвиненија за нејзините постапки се дополнително емитувани.

Таквите акти на надзор и дезинформација ги загрозуваат основните принципи на слободното новинарство, поткопувајќи ја клучната улога на медиумите во одржување информирана јавност. Извесувањето на госпоѓа Симоновска имало за цел откривање на важни правосудни проблеми, а целното вознемирување на кое сега е изложена, укажува на поширок обид новинарите да се заплашат и да се замолчат. Ги повикуваме властите во Северна Македонија веднаш да преземат одлучни чекори за да го истражат и решат овој сериозен инцидент. Слободата на медиумите, сигурноста на новинарите и правото на независно известување се столбови на демократијата, а секој напад на нив претставува напад на демократските вредности.

Изразуваме целосна солидарност со нашите колеги во „Слободен печат“ и повикуваме на итно делување со цел заштита на госпоѓа Симоновска – стои во обраќањето од „Ослобоѓење“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот