Кејт Бланшет/Фото: Raúl Terrel/EUROPA PRESS/dpa

Оскаровката Кејт Бланшет се закити со наградата Бамби

Актерката Кејт Бланшет е добитничка на овогодишната германска награда Бамби. Во категоријата „меѓународна актерка“, жирито ја признава не само за „уметничка извонредност“, туку и за „хуманитарен и еколошки ангажман“, објави издавачката куќа „Бурда“, пишува ДПА.

Се наведува дека Бланшет како актерка „го пренела целиот спектар на човечки емоции на филмското платно“.

Таа е „вистинска уметница која секоја улога ја редефинира со радикална посветеност“. Австралијанката е позната по бројни филмови, вклучувајќи ја трилогијата „Господар на прстените“ и историската драма „Елизабет“.

За улогата на холивудската легенда Кетрин Хепберн во филмот „Авијатичарот“, Бланшет освои Оскар за најдобра споредна женска улога во 2005 година.

Таа доби Оскар за главна улога во 2014 година за филмот „Тажна Јасмин“ на Вуди Ален. Една од најновите улоги, толкувањето на диригентката Лидија Тар, ѝ го донесе Златниот глобус за 2023 година.

Жирито, исто така, ја истакна и општествениот ангажман на Кејт Бланшет. Од 2016 година, актерката е специјална амбасадорка на УНХЦР и се залага за бегалците. Покрај тоа, таа е активна во разни климатски и еколошки организации.

Бамби е една од најважните медиумски и телевизиски награди во Германија. Гала церемонијата е денеска.

Наградата оваа година се доделува во повеќе од 12 категории. Меѓу другите познати добитници се пејачката и актерка Шер и моделот Хајди Клум.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот