Фото: Осенсеи Штип - Клуб за Џиу-Џицу

Осенсеи Штип со одличен настап на меѓународниот џиу-џицу турнир „Скопје Опен“

Во саботата на 29 ноември 2025 година се одржа џиу-џицу турнирот Скопје Опен, каде учество зема и македонскиот клуб Осенсеи Штип. На турнирот настапија 24 клуба од седум држави со вкупно 280 борци.

Осенсеи Штип го освои високото петто место на турнирот со 121 поен, резултат што претставува голема гордост и мотив за понатамошни успеси.

Клубот посебна чест и признание му оддава на Христијан Јованов, кој овој викенд го освои црниот појас и воедно судеше на турнирот, покажувајќи врвна стручност и професионализам.

Оваа заслуга припаѓа на сите натпреварувачи на клубот, кои ги освоија следниве награди:

ПРВИ МЕСТА
• Данил Николиски – четири први места
• Јован Николиски – едно прво место
• Марија Божиновска – едно прво место
• Ангела Антониевски – едно прво место
• Леон Манчиќ – две први места
• Петра Јанковска – едно прво место
• Христијан Јованов – едно прво место
• Софија Стефанова – едно прво место

ВТОРИ МЕСТА
• Јован Николиски – едно второ место
• Ангела Антониевски – едно второ место
• Никола Коцев – едно второ место
• Станислав Грпов – едно второ место
• Наум Грпов – едно второ место
• Софија Стефанова – едно второ место
• Ана Марија Мицова – едно второ место

ТРЕТИ МЕСТА
• Нина Карова – едно трето место
• Станислав Грпов – едно трето место
• Наум Грпов – едно трето место

ЧЕТВРТИ МЕСТА
• Нина Карова – едно четврто место
• Никола Коцев – едно четврто место
• Јован Шишков – две четврти места
• Матеј Нофитов – едно четврто место
• Ана Марија Мицова – едно четврто место

ПЕТТО МЕСТО
• Петра Јанковска – едно пето место

СЕДМО МЕСТО
• Матеј Нофитов – едно седмо место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот