Орландо и Њујорк се први полуфиналисти во НБА Купот
Орландо Меџик и Њујорк Никс се првите два тима кои обезбедија место во полуфиналето на НБА Купот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Орландо, и покрај тоа што настапи без повредениот Франц Вагнер, приреди големо изненадување и го елиминираше Мајами со 117–108. Херој на мечот беше Дезмонд Бејн со блескави 37 поени, додека Џејлен Сагс додаде 20, а Паоло Банкеро по враќањето од повреда реализираше 18 поени. Кај Мајами најрасположени беа Тајлер Хиро со 20 поени, како и Бем Адебајо и Ендрју Вигинс со по 19.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Њујорк. Никс целосно го контролираа дуелот со Торонто и славеа со 117–101. Џејлен Брансон повторно ја презеде лидерската улога со 35 поени, а Џош Харт придонесе со 21. Кај Торонто се истакна Брендон Инграм со 31 поен.
Во полуфиналето, Орландо ќе игра против Њујорк, додека вториот полуфинален пар ќе биде познат по денешните пресметки Оклахома – Феникс и ЛА Лејкерс – Сан Антонио.
Преземено: Sport.com.mk
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


