Организам полн со отрови: Овие симптоми укажуваат дека под итно му е потребна детоксикација

главоболка
Фото Профимедиа

Ги усвоивме клучните совети за зачувување на здравјето – редовно вежбајте и пијте доволно течности. Сепак, нешто недостасува. Постојано се чувствувате изморено, имате проблеми со стомакот, често имате главоболки и го менувате расположението. Проблем може да бидат отровите кои се внесуваат во организмот.

Наведуваме неколку симптоми што укажуваат дека телото е преполно со токсини.

Болки во мускулите

Отровите буквално ги „јадат“ мускулите и зглобовите. Ако постојано страдате од болки во мускулите, а тие не исчезнуваат ниту кога сте физички активни, треба да размислите со што го труете телото.

Несоница

Насобирањето на токсините најчесто се манифестира преку несоницата. Доколку имате проблеми со спиењето, тоа може да значи дека би требало да го прочистите вашиот црн дроб бидејќи несоницата често се поврзува со негови проблеми. Пијалаците од брокула, карфиол и слични зеленчуци можат да ви помогнат во чистењето на црниот дроб.

Чувствителност на мириси

Ако силно реагирате на кој било мирис, тоа значи дека вашето тело ви испраќа сигнал дека е оптоварено со хемикалии. Овој симптом често може да биде придружен и со главоболка и со гадење.

Постојано чувство на замор

Кога сте изморени затоа што доволно  не сте се наспале или напорно сте работеле во текот на денот тоа е нормално чувство. Но, кога се чувствувате исрцепоно значи дека телото е блокирано со отрови. Затоа, немојте да пиете премногу кафе, бидејќи тоа нема да може да ве зајакне. Потребна е промена на навиките во исхраната и вистински избор на козметика.

Главоболки

Хроничната главоболка која постојано се враќа може да биде сигурен знак за преголемо количество токсини во вашето тело. Задржувањето на овие штетници во вашиот организам е еден од најчестите причини за мигрените. Но, имајте на ум дека за време на детоксикацијата главоболките можат да се влошат, но откако ќе завршите со процесот тие целосно ќе исчезнат.

Кожни реакции

Појавата на мозолчиња на кожата, особено ако се болни и чешаат, е јасен сигнал дека телото е оптоварено со токсини, како од храната, така и од козметиката.

Лош здив

Лошиот здив не е последица само на лошата орална хигиена. Може да укажува на проблеми во дигестивниот систем, а може да биде и знак дека црниот дроб се бори со големо количество отров.

Жолт или бел јазик

Јазикот е важен показател за откривање колку токсини имате во вашето тело. Храната со штетни материи може да ја наруши деликатната слуз од дигестивниот систем, а тоа го вклучува и јазикот. Па, ако на површината на вашиот јазик забележувате видлив бел или жолт слој, скоро е сигурно дека вашиот организам се бори со многу токсини.

Насобирање масно ткиво околу стомакот

Токсините кои се внесуваат низ храната и пијалаците, како и оние кои ги вдишуваме, можат да помогнат при насобирањето масно ткиво на стомакот. Тоа се случува бидејќи голем дел од нив успеваат да се задржат во телото и да си најдат трајно место на живеење во абдоменот. Единствениот начин да се ослободите од нив е детоксикацијата.

Чувство на топлина

Еден од природните начини на кои телото се ослободува од токсините е потењето. Кога во вас има премногу штетни материи, вашето тело почнува да „прегрева“ во обид да ги исфрли преку пат на потењето. Токму затоа и постојано можете да се чувствувате како да ви е топло, дури и кога надвор е ладно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот