Орбан изразува надеж дека Трамп ќе биде реизбран

Трамп Орбан/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде реизбран на таа позиција на претстојните претседателски избори.

Тој рече дека за време на состанокот со американскиот амбасадор во заминување во Будимпешта, Дејвид Б. Корнштајн, наведувајќи дека сè ќе се смени по изборот на Трамп за претседател, пренесува МТИ.

– Соединетите Американски Држави покажаа отворен, искрен и пријателски пристап кон Унгарија, рече Орбан.

Тој пред неколку дена исто така изјави дека се надева дека Трамп повторно ќе биде претседател на САД и дека го поддржува во тоа.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот