Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан: Европејците одлучија дека сакаат да ја продолжат војната во Украина

„Европските лидери денеска во Лондон одлучија дека сакаат да ја продолжат војната наместо да изберат мир. Тие одлучија дека Украина мора да ја продолжи војната“, изјави Виктор Орбан по завршувањето на самитот на европските лидери за Украина во Лондон.

„Ова е лошо, опасно и погрешно. Унгарија останува на страната на мирот. „Ceterum censeo“, додаде тој во пораката на Твитер.

Денеска во Лондон се одржа самитот на европските лидери за војната во Украина.

„Коалицијата на волните“, како што го нарече британскиот премиер Кир Стармер, кој го организираше состанокот, ја изјавува својата подготвеност да преземе акција за Украина да седне на преговарачка маса од позиција на сила, дека постојат силни безбедносни гаранции кои ќе ја запрат руската агресија и дека евроатлантските односи не се распаѓаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот