Општина Велес годинава со најголема транспарентност меѓу општините во земјава

Имено, од редот на државните институции, највисока активна транспарентност во државата, во 2020 година има Министерството за одбрана со високи 97,7 поени кое се наоѓа на првото место на листата.

Општина Велес со 94,4 поени, годинава покажа највисока транспарентност меѓу општините во државата. Индексот на активна транспарентност го подготвува „Центарот за граѓански комуникации” од Скопје, со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), покажа раст на активната транспарентност на Општина Велес за 5,6 процентни поени во споредба со минатата година информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски.

Имено, од редот на државните институции, највисока активна транспарентност во државата, во 2020 година има Министерството за одбрана со високи 97,7 поени кое се наоѓа на првото место на листата.

Во истражувањето за 2020 година биле рангирани вкупно 98 институции.

-Индексот на активна транспарентност е одлична алатка за сите државни, регионални и локални институции во заложбите за подобрување на проактивноста на институциите во објавувањето на информации од интерес на граѓаните, нивната отчетност и отвореност, потенцира Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот