Општина Тетово преку спогодби ќе исплаќа од 500 до 1.600 евра за каснување од улично куче

Фото: Марија Вељановска
Фото: Марија Вељановска

Општина Тетово на својата интернет-страница денеска објави Правилник за утврдување на висина и исплата на надоместок за штета од каснување од бездомни кучиња како спогодбен начин на обесштетување, без да се оди на суд. Поставено е и барањето кое треба да се пополни од граѓаните за да се добие спогодба за штетата.

Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветната Комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

– Комисијата е составен од претседател од редовите на вработените во општинската администрација и четири члена. По еден вработен во Општина Тетово и ЈКП Тетово и двајца лекари – трауматолог и психијатар. Надлежности на Комисијата се да ги разгледува барањата за надоместок на штета и дава предлози за надоместок на штета, пишува во правилникот.

Има критериуми за утврдување на надоместокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што материјалната и нематеријалната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претрпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-нагрденост и б-нарушување на психичката состојба од претрпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари. До барателот се доставува спогодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие.

Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот