Општина Штип ги награди првенците на генерации од училиштата во градот со ваучери од 10.000 денари
Вкупно 12 ученици, од кои седуммина од основните и петмина од средните училишта во Штип, од општината добија признанија како првенци на генерацијата и ваучери од по 10.000 денари, јави „СДК.мк“
Препорачано
„Општина Штип ги наградува своите генијалци од сферата на образованието. Во последните неколку години, по враќањето од државни и меѓународни натпревари нашите ученици редовно се наградуваат со еднократна парична помош и од по 30.000 денари, а поголем дел од првенците веќе трета година добиваат и редовни стипендии како резултат на нивните добри резултати, посебно во областа на математиката, физиката и хемијата“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
Меѓу нив се средношколците од гимназијата „Славчо Стојменски“, Марио Ванчоски и Иван Костевски, кои и годинава освоија медали во сите сфери на природно-техничките науки на меѓународни натпревари, со што на најдобар можен начин ги афирмираа Македонија и градот Штип.
Покрај нив, посебни признанија и награди од Општина Штип добија: Драгана Саздова, Добрилка Ѓоргиева и Викторија Спасовска од средните училишта, а од основните Мила Панова, Дора Милева, Ангела Стојовска, Тома Митев, Памела Јанева, Маја Секуловска и Андреј Демировски.


