Општина Кавадарци испрати шест пожарникари и две противпожарни возила во Богданци

Фото: Фејсбук, Митко Јанчев

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на неговиот Фејсбук-профил инфомираше дека шест пожарникари и две противпожарни возила опремени со потребната опрема се упатија кон Општина Богданци.

Пожарникарите на ТППЕ Кавадарци интервенираат во пожарот кој избил близу ветерниците – пишува Јанчев.

Од шест часот утрово пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци продолжија да го гаснат пожарот кај Богданци, што избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдов камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“.

Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат шеесетина лица.

Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникарите се обидуваат да го заобиколат пожарот.

-Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат трите авиони „Ер Трактор“ на ДЗС, како и два хеликоптери на МВР, информираше Стојанов.

Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, кој е на местото на пожарот, засега нема опасност од негово проширување. Пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини, а градоначалникот Шапов се сомнева дека причина е човечки фактор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот