Општина Центар урива дивоградба до училиштето „Коле Неделковски“

Фото: Општина Центар

Општина Центар започна со отстранување на нелегално поставени објекти на јавна површина како што се диви доградби и тераси, со кои се узурпира јавниот простор.
Како што информираат од Центар, акцијата започнала денеска со уривање на бесправно изградена барака на улицата Антоние Грубишиќ.

Оттаму додаваат дека отстранувањето на оваа напуштена и нефункционална барака се спроведува за да се обезбеди безбеден пристап на учениците до основното училиште „Коле Неделковски“. Со уривањето ќе се прошири постоечкиот влез во ова училиште, со што излегува во пресрет на барањата на засегнатите жители, родителите и на самото училиште.

Повторно упатувам апел до сите инвеститори, сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија и да го почитуваат Законот. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти – порачува градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар до крајот на годината ќе спроведе шест решенија за присилно административно извршување на нелегално поставени објекти и доградби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот