Општина Центар го дематнира Богдановиќ: Одобрението за градба на петкатницата е од неговиот мандат

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Не стивнуваат рекциите откако „Слободен печат“ посочи дека почнува градба на петокатница во паркчето кај хотел „Јадран“ со која засекогаш ќе се уништи уште едно од ретките зеленила во централнотоградско подрачје. Сегашниот и екс-градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и Саша Богдановиќ упорно се препукуваат кој го ставил потписот на одобрението за градба на фирмата Сколимекс.

Според увидот во документот што го направи „Слободен печат“, одобрението за градење е издадено на 02.11.2021 година што е два дена пред стапувањето на актуелниот градоначалник Герасимовски на функцијата. Документот јасно покажува дека тоа го одобрил неговиот претходник Саша Богдановиќ пред да замине од функцијата.

– Функцијата градоначалник на Центар Горан Герасимовски ја презеде официјално на 4.11.2021 година. Со тоа актуелниот градоначалник не бил во можност да дава, потпишува или пак врши увид во веќе одобрени документи за градба на посочената локација. За волја на вистината градоначалникот Герасимовски почна да работи односно да потпишува решенија неколку дена подоцна откако тој стапи на функцијата – велат од Општина Центар.

Од дргуга страна претходно поранешниот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ коментирајќи ги последните градежни активности во паркот кај хотел „Јадран“ за Слободен печат изјави дека тој не е потписник на било какво решение за градба на петокатница.

– Јас потпис за градење во паркчето кај хотел Јадран немам ставено на одобрението за градба. Кога падна мораториумот за градење во општина Центар односно кога Уставниот суд го замрзна тој процес, сите потенцијални инвеститори електронски започнаа да си поднесуваат барања за градење во Центар. Од тука можам слободно да кажам дека јас немам никаква поврзаност со овој случај. Повторувам доколку сегашната администрација во Општина Центар говори спротивно од ова што сега јас го кажувам нека ја објават копијата од одобрението за градење во паркчето, па така јавноста ќе увиди кој е потписник на документот – рече Богдановиќ.

ФОТО+ВИДЕО | Последното зелено паркче кај Хотел Јадран се бетонизира, наскоро никнува нова петкатница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот