Фото: mia.mk

Општина Аеродром затворила два локала, но не кажува точно кои објекти работеле незаконски

Неколку дена откако Општина Аеродром најави засилен инспекциски надзор над угостителските објекти кои предизвикуваат бучава во доцните часови, од локалната самоуправа информираат дека по пријави на жители, забрана за работа добиле два локала на територија на општината, но на прашањето од „Слободен печат“ за кои локали точно се работи, не ни дадоа одговор.

„Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта. Инспекциските служби, по пријави од граѓаните, излегоа на терен и извршија инспекциски надзори. Констатирано е дека локалите не се придржувале до законските прописи, па затоа е донесена оваа санкција“, велат од Општината.

Од локалната самоуправа за „Слободен печат“ информираат дека еден од затворените локали и претходно бил санкциониран со глоба од 6.000 евра, а за објектите повторно да можат да започнат со работа, треба да ги добијат сите потребни дозволи.

„При инспекциската контрола констатирани се нерегуларности во работењето, поради што е изречена забрана за работа на два угостителски објекта, а еден од локалите, претходно е и парично казнет со глоба во износ од 6000 евра. Инаку, забраната за работа е на сила до целосно добивање на сите дозволи за работа согласно со законските прописи“, велат од Општина Аеродром за „Слободен печат“.

Оттаму додаваат дека доколку казнетите локали и понатаму продолжат со непочитување на законите и прописите за работа, сопствениците ќе се соочат со кривични пријави и упатија апел до граѓаните доколку доколку забележат неправилности во работењето на угостителските објекти, веднаш да пријават на електронската адреса [email protected].

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот