Опозициската ССП обвинува: Владата ја отфрли помошта од ЕК бидејќи таа го контролира трошењето на парите

Министерот за финансии Синиша Мали изјави дека на Србија не и е потребна помош затоа што има стабилни јавни финансии.

Српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), чиј лидер е Драган Ѓилас, денеска најостро ја осуди одлуката на српските власти да не земаат стотици милиони евра помош од Европската комисија и ги обвини дека се задолжуваат „кај шеикот”, затоа што трошењето на овие пари, за разлика од парите добиени од Европа, никој не ги контролира.

– Вучиќ не ни кажа дека истовремено донел одлука да се задолжи неколку милијарди евра и тоа по десет пати полоши услови отколку што ги понуди Европа, затоа што кога ќе земе пари од шеикот преку Фондот за развој на Абу Даби, тогаш никој не го прашува како и каде се трошат парите, а кога се земаат пари од Европа, тогаш тоа така не може да биде, се наведува во соопштението на ССП.

Европската комисија вчера усвои предлог пакет за макрофинансиска помош од три милијарди евра за земјите во процесот на проширувањето, за да им помогне во ограничувањето на последиците со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, а Србија е единствената земја во регионот која не е опфатена со помошта од ЕК.

Министерот за финансии Синиша Мали претходно изјави дека на Србија не и е потребна помош затоа што има стабилни јавни финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот