Опозицискиот фронт на БЕСА и Алтернатива ќе инсистира на бришење на терминот „20%“

Претседателот на БЕСА Билал Касами, денеска соопшти дека со партијата Алтернатива на Африм Гаши, потпишале изјава за соработка. Од денеска посочи Касами, ние ќе промовираме заеднички опозиционен фронт, преку кој ги уверуваме граѓаните дека после 20 години, сме подготвени до донесеме политичка опција, која ќе работи за интересите на граѓаните.

„Албанците 20 години се изморени од ДУИ, од нивното непретставување, затоа што ДУИ овие 20 години ги претставува интересите на нивните кланови и интересите на нивните најблиски, а тоа тие веќе и не го кријат. Стана ексклузивност вработување на важни позиции на блиски луѓе на главните луѓе на ДУИ, не останува простор другите граѓани да имаат продобивка од ДУИ“, рече Касами.

И БЕСА и Алтернатива ќе инсистираат на бришење на терминот „20%“.

„Ние потпишавме изјава за соработка со Алтернатива за заеднички пристап на следните парламентарни избори. Во тој дел сме и во фаза на хармонизација на нашите позиции. БЕСА и Алтернатива не се против уставните измени, но инсистираме кога ќе се отвори уставот, да се реши уште едно важно прашање, а тоа е дефиницијата Албански јазик како 20 %. Со тоа цениме дека уште повеќе ќе се приближиме кон ЕУ“, рече претседателот на БЕСА Билал Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот