Гаши и Касами повторно си подадоа рака за соработка: Ќе формираат опозициски фронт

Претседателите на опозициските Алтернатива и Беса, Билал Касами и Африм Гаши повторно си подадоа рака за соработка откако прво беа сопартијци, па лути политички ривали што резултираше со поделба на Беса на два политички субјекти.

Касами и Гаши во Собранието денеска потпишаа договор за соработка на двете партии во насока на формирање на опозициски фронт.

„ Причината за  средбата помеѓу Гаши и Касами е формализирање на подготвеноста за соработка и координирање на политичките активности на двете партии во насока на изградба на опозициски камп кој, првично, ќе артикулира и ќе ги брани стратешките интереси на земјата за интеграција, албанските етнички и интересите на граѓаните.

Да се биде на важна висина, кога процесот на интеграција се сопнува, кога политичката корупција стана единствен успех на оваа власт, додека албанските етнички права повторно се ставаат на маргините, историскиот момент бара сите албански политички сили, но не само политички, да соработуваат за делегитимација на оваа корумпирана, неспособна и штетна власт за интересите на државата и на Албанците. За таа цел, двајцата претседатели Гаши и Касами, потпишаа заедничка изјава, која е формален залог на двете релевантни страни за формализирање на овој договор“, се вели во објавата на фејсбук на лидерот на Алтернатива Гаши.

Поради внатрепартиски недоразбирања Беса во 2018 година се подели на две партии, односно Билал Касами како претставник на тетовското крило, со судска одлука ги задржа печатот и името на партијата Беса, додека скопското крило на партијата предводено од Африм Гаши ја формира Алтернатива. По пет години, и откако двете партии беа дел од Владата на СДСМ и откако двете ја напуштија владината коалиција, сега повторно ги обединуваат силите за заедничко политичко дејствување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот