Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Опозициски советници во Шуто Оризари тврдат дека барале седница за помош на жителите без возачки дозволи

Група советници во Општина Шуто Оризари тврдат дека поднеле барање за свикување вонредна седница на Советот оваа недела, а иницијативата била да им се помогне на оние жители кои немаат возачка дозвола. Барањето наводно било одбиено, објави „Фактор“.

„Нашата иницијатива имаше за цел да се донесе одлука со која општината ќе помогне во покривање на трошоците за возачки дозволи и регистрација на граѓани кои се корисници на минимална гарантирана помош или социјална помош. Сметаме дека е недозволиво да се тврди дека нема средства за граѓаните кои се во најтешка социјална состојба, додека во исто време се трошат: 56.000 евра за службено возило, над 200.000 евра за договори на дело и други непродуктивни и небитни трошоци. Во најкраток рок ќе ги објавиме сите релевантни документи и информации, по што ќе иницираме соодветни постапки, вклучително и кривични пријави за евентуално незаконско работење. Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари,“ соопшти опозиционерот Илаз Лесковица.

Во изминатиот период во повеќе населби низ земјата имаше бунт поради одземени возила зашто не пооседувале возачка дозвола.

ВИДЕО | Група луѓе запалија оган на патот Битола-Ресен, не пуштаат никој да помине

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот