фото: светлана тихановскаја/скриншот

Опозициската лидерка на Белорусија порача: Диктатурите се како рак, а враќањето во демократијата ќе чини животи

Демократските општества мора да разберат дека диктатурите се како рак. Ќе завладее со сè повеќе земји ако не се исечат тие последни клетки, алармира Тихановскаја која е симбол на борбата против репресивниот режим на Лукашенко.

Диктатурите се како рак и ќе се шират во сè повеќе земји ако „не престанат“, вели опозициската лидерка во Белорусија, Светлана Тихановскаја за Н1.

Тихановскаја испрати силна порака за важноста на зачувувањето на демократијата:.

„Демократските општества мора да разберат дека диктатурите се како рак. Ќе завладее со сè повеќе земји ако не се исечат тие последни клетки. Ги прашувам оние луѓе кои уживаат во демократијата, кои придонесуваат за демократијата – затоа што демократијата е како религија: сè додека придонесувате за неа, сè додека размислувате за неа, ако правите нешто за демократијата секој ден, таа ќе биде таму. Инаку, ќе исчезне. Можете да видите на примерот на Белорусија колку лесно можат да дојдат диктатурите – незабележливо и брзо. А потоа враќањето кон демократијата ќе чини живот“, рече таа.

Со години, Тихановскаја се смета за симбол на борбата против репресивниот режим на Александар Лукашенко. За првпат во Европскиот парламент ѝ се придружи нејзиниот сопруг, Сергеј Тихановски, блогер и опозициска личност, кој е политички затвореник повеќе од четири години откако беше уапсен во обид да се кандидира против Лукашенко на претседателските избори во 2020 година. Неговото присуство во Стразбур симболично претставуваше уште еден чекор во меѓународната борба за слобода на политичките затвореници и враќање на демократските процеси во Белорусија.

Во својот говор, Тихановскаја нагласи дека „Европа мора да остане будна затоа што диктатурите се заразни и не познаваат граници“.

Европскиот парламент неодамна усвои нова резолуција за состојбата со човековите права во Белорусија, остро осудувајќи ја репресијата на режимот и повикувајќи ја ЕУ да ја зголеми поддршката за граѓанското општество и за независните медиуми во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот