Опасност од нова пандемија: Научниците откриле „зомби вирус“ стар 48,500 години

Мраз на Сибир/ Фото: Alexey Trofimov/Solent News / Re / Shutterstock Editorial / Profimedia

Француски научници го оживеале „зомби вирусот“ стар 48.500 години, закопан под замрзнато езеро во Русија, пишува „Блумберг“.

Како што пишува американскиот медиум „Њујорк Пост“, француските научници предизвикале страв од уште една пандемија по оживувањето на „зомби-вирусот“.

„Њујорк пост“ цитираше студија која допрва треба да биде рецензирана.

„Ситуацијата би била многу покатастрофална во случај на растителни, животински или човечки болести предизвикани од оживување на антички непознат вирус“, се вели во студијата.

Според прелиминарниот извештај, глобалното затоплување неповратно одмрзнува огромни делови од овој „вечен“ мраз – трајно замрзнато тло што покрива четвртина од северната хемисфера. Ова може да биде причина за вознемирувачкиот ефект на „ослободувањето на органски материи замрзнати дури и до милион години“ – вклучувајќи ги можеби и смртоносните бактерии.

„Дел од оваа органска материја, исто така, се состои од оживеани клеточни микроби (прокариоти, едноклеточни еукариоти) како и вируси кои останале во мирување уште од праисторијата“, пишуваат истражувачите.

Според „Њујорк пост“, научниците, можеби чудно, оживеале некои од овие таканаречени „зомби вируси“ од сибирскиот вечен мраз со цел да истражат повеќе за организмите кои живеат таму.

Најстариот, „Пандоравирус једома“, бил стар 48.500 години, „рекордна возраст за замрзнат вирус кој се враќа во форма каде што може да зарази други суштества“. Ова го соборува претходниот рекорд на вирус стар 30.000 години, идентификуван во Сибир од истите научници во 2013 година.

Новиот вид е еден од 13-те вируси опишани во студијата, секој со свој геном, пишува „Сајенс Алерт“.

Додека пандоравирусот бил откриен на дното на езерото во Јукечи, Јакутија, Русија, другите се откриени насекаде, од крзно од мамут до црева на сибирски волк.

Научниците открија дека сите „зомби вируси“ имаат потенцијал да бидат заразни и оттука претставуваат „опасност по здравјето“ по истражувањето на живите култури. Тие веруваат дека пандемиите во стилот на ковид ќе станат почести во иднина бидејќи топењето на вечниот мраз ослободува вируси кои долго време мирувале, пишува „Њујорк Пост“.

„Затоа е легитимно да се размислува за ризикот од античките вирусни честички да останат заразни и да се вратат во циркулација со одмрзнувањето на древните слоеви на вечен мраз“, пишуваат тие.

Потребни се повеќе истражувања за да се процени нивото на заразност на овие непознати вируси кога се изложени на светлина, топлина, кислород и други надворешни променливи на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот