Опасниот пестицид глифосат останува на полињата
Организацијата Пан Европа предлага итна забрана за, како што тврдат, штетен пестицид, бидејќи има доволно научни докази за ризикот од неговата употреба по здравјето на луѓето и животната средина.
Препорачано
И покрај тоа што ваквата одлука е донесена на Апелациониот одбор, извршната власт најверојатно сепак ќе одобри привремено продолжување на глифосатот за уште една година, пренесува „Еурактив“.
Како што се наведува, за забраната на контроверзниот најкористен хербицид се зборува со години. а прашањето е проследено со жестоки дебати, бидејќи ставовите се разминуваат кога станува збор за неговото влијание врз здравјето и животната средина.
Уште во мај оваа година, Агенцијата за хемикалии на ЕУ (ECHA) и Агенцијата за безбедност на храна (EФСА, кои ги проценуваат потенцијалните здравствени и еколошки ризици поврзани со глифосатот, го продолжија донесувањето одлуки до средината на следната година.
Иако анализата веќе требаше да биде завршена, двете агенции потоа објавија дека нема да можат да донесат конечна пресуда пред средината на 2023 година. Глифосат е тотален хербицид кој го суши растението. Два или три дена по третманот растението почнува да се суши, а по три недели целосно се исушува.


