ОН: Самоволните апсења и тортури за време на судирите во Сирија се воени злосторства
Во судирот се убиени речиси половина милион луѓе, раселена е половина предвоена популација во земјата од 23 милиони жители, вклучувајќи и пет милиони бегалци во странство.
Голем дел од територијата на Сирија е уништен, а десетици илјади луѓе се уште живеат во кампови.
Извештајот на повеќе од 30 страници опфаќа 2.658 интервјуа со жртви и сведоци, направени од 2011 до крајот на 2020 година, фотографии, видео записи, сателитски снимки, официјални документи и извештаи од повеќе извори.
Претседателот на комисијата на ОН, Пауло Пињеиро изјави дека членовите на стотина илјади семејства во Сирија имаат право да ја дознаат вистината за судбината на своите најблиски.
За извештајот ќе расправа Советот за човекови права на ОН, кој ја основал комисијата, на 11 март.