Фото: Профимедиа

ОН: САД треба да спроведат системски антрасистички реформи

Советот за човекови права, главното тело на ОН за таа област, треба да разговара за расизмот во САД и другите делови на светот в среда.

Владата на САД треба јавно да признае дека постои системски расизам во САД, побара денеска тело за борба против расизам на Обединети нации.

Комитетот на ОН за елиминација на расна дискриминација преку сооштение ја повика американската администрација „недвосмислено и безусловно да ги отфрли и осуди расно мотивираните убиства на Афроамериканците и припадниците на другите малцинства”.

Комитет составен од 18 независни експерти од целиот свет побара од Вашингтон да ги забрза истрагите за однесувањето на полицијата, вклучително и прекумерната употреба на сила за време на протестите против расно мотивираната полициска бруталност. Телото на ОН повтори дека официјалните лица на сојузно, државно и локално ниво треба да поминат низ систематска антирасистичка обука.

Советот за човекови права, главното тело на ОН за таа област, треба да разговара за расизмот во САД и другите делови на светот в среда.

Африканските земји повикаа на итна расправа за расно мотивирани кршења на човековите права, систематски расизам, полициска бруталност и насилството врз мирни демонстранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот