ОН: Израел да ги ослободи активистите од флотилата „Глобал сумуд“
Израел мора веднаш и безусловно да ги ослободи членовите на флотилата „Глобал сумуд“, Сајф Абукашек и Тијаго де Авила, кои беа приведени во меѓународни води и однесени во Израел, каде што и понатаму се задржани без обвинение, побараа денеска од Обединетите нации (ОН).
Препорачано
„Не е кривично дело да се покаже солидарност и да се направи обид да се достави хуманитарна помош до палестинското население во Газа, кое има итна потреба од неа“, посочија од ОН.
Оттаму дополнија дека „вознемирувачките сведоштва за сериозно малтретирање“ на Абукашек и Де Авила мора да бидат истражени, а одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Повикавме на прекин на користењето на произволен притвор од Израел, како и на широко и нејасно дефинираното законодавство за тероризам, кое е во спротивност со меѓународното право за човекови права. Израел, исто така, мора да ја укине блокадата на Газа и да овозможи и олесни влез на хуманитарна помош во опколената палестинска област, во доволни количини“, се вели во соопштението.
Шпанскиот државјанин Саиф Абу Кешек и Бразилецот Тијаго Авила моментално се наоѓаат во притвор во градот Ашкелон, откако беа дел од група активисти приведени од израелските сили во меѓународни води во близина на брегот на Грција.
Активистичката флотила „Глобал сумуд“ пловеше кон Појасот Газа во обид да ја пробие поморската блокада на енклавата под контрола на Хамас.
ВИДЕО | Израел удри по флотилата за Газа во меѓународни води – уапси 175 активисти кај Крит


