ОН: Домот е најопасното место за жените

Фото: Profimedia

Во извештајот на агенцијата на Обединетите нации за рамноправност на половите, насловен „Напредокот на светските жени” се наведува дека едно од најопасните места за жените е нивниот дом.

– Шокантното секојдневно злоставување на партнерот статистички значи дека домот е едно од најопасните места за жената, вели извршната директорка на Агенцијата ОН Жени (UN Women) Фумзиле Мламбо-Нгкука.

Во извештајот се повикуваат државите членки да повлечат потези и да ги прифатат законите со кои ќе ги заштитат жените од семејно насилство. Во него се посочува дека спрегата на патријархална моќ, власт и контрола над жените и децата можат семејството да го направат опасно место, каде насилството над жената се простува и постојано се повторува.

Во 19 од 189 земји и територии опфатени со истражувањето, законите од жената строго бараат послушност кон сопругот. Во 11 од нив, брачното силување не е криминализирано со закон.

Околу 76 отсто од земјите во светот до 2018 година имале закони кои го сузбиваат семејното насилство. Но, дури 17,8 отсто во последните 12 месеци пријавиле психичко и сексуално злоставување од страна на своите партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот