ОН алармира: Албанските групи се главни играчи на пазарот на кокаин во Европа

Производството на кокаин достигна рекордно ниво. Се појавија нови центри за шверц, се истакнува во најновиот извештај на Обединетите нации за дрога и криминал.

Во извештајот на ОН, албанските криминални банди се сметаат за најважните играчи на светскиот пазар на кокаин.

Според извештајот, во последната деценија, криминалните банди што зборуваат албански станаа главни играчи на пазарот на кокаин во Европа, потпирајќи се на широката мрежа на соработници меѓу албанската дијаспора во странство и често како соработници на италијанските криминални групи.

Албанските криминални банди работат со дистрибуција на големи количини кокаин во многу делови на Европа, особено во Обединетото Кралство и Холандија, создавајќи директни односи со добавувачите во Латинска Америка, се наведува во извештајот на ОН.

„Албанските групи се многу активни во шверцот на кокаин низ Западна Европа, особено до пристаништата во Белгија и Холандија, каде пристигнува големо количество на кокаин, и тоа во Драч, главното пристаниште на Албанија,” се наведува во извештајот.

Помалку истражените пазари на кокаин во Источна Европа главно се снабдуваат од албанските и српските криминални банди. Конкретно, српските криминални групи веќе извесно време го снабдуваат Балканот со кокаин од Еквадор, се вели во извештајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот