ОММ: Пратениците да ги донираат лаптопите онаму каде што се најпотребни

Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Овие компјутери Собранието ги добива во период на корона-криза, кога власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн, реагираат од Обединета младина за Македонија.

-Еден лаптоп чини 56 445 денари. Младинската организација на Обединети за Македонија потсетува дека неодамна во јавност излегоа податоци дека 40 000 деца немаат лаптоп или компјутер и дека не можат да следат онлајн настава- стои во соопштението.

Затоа, апелират до пратениците да бидат општествено-одговорни и овие лаптопи да ги донираат онаму каде што се најпотребни.

-Без оглед на тоа што нашата држава се наоѓа во коронакриза, пратениците земаат голема плата и може да си доволат да си купат лаптоп, кој е со многу пониска цена и може да користи за организирање на онлајн седници. 100 од тие 40 000 може да се помогнат, а да не зборуваме дека со одвојување на високите плати можеме да помогнеме и на многу повеќе- се вели во соопштението.

Со амин од Џафери набавени 100 лаптопи за пратениците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот